• понеделник, 23 декември 2024

Изложба во Казанлак покажува какви жени им се допаѓале на Бугарите во 1929 година

Изложба во Казанлак покажува какви жени им се допаѓале на Бугарите во 1929 година
Софија, 5 септември 2021 (МИА) - Во куќата музеј „Дечко Узунов“ во Казанлак отворена е изложба „Веселите звуци на балот“ за изборот на првата Мис на Бугарија, јави БТА. Првиот национален натпревар во убавина во Бугарија е одржан во 1929 година по идеја на тимот на францускиот весник „Ле Журнал“, под покровителство на Сојузот на француски уметници, генерален организатор на изборот за Мис на Европа. Од изложбата може да се дознае кои биле критериумите за женска убавина во 30-тите години на минатиот век. Речиси 200 девојки испратиле своите фотографии до весникот „Зора“, а во жирито учествувале  скулпторот Андреј Николов, писателот Добри Немиров, оперската пејачка Констанца Кирова, проф. Асен Златаров, уметниците Стефан Иванов и Никола Маринов, Рајко Алексиев и издавачот Данаил Крапчев. Тие избрале фотографии на осум кандидатки, а на другите млади дами им било дозволено да настапуваат во живо. Кандидатките морале да бидат витки, со елегантна фигура, со големи, експресивни очи, нежна насмевка, паметни и скромни. Голотијата била забранета. Првиот избор на Мис на Бугарија се одржал во тогашното Градско казино во Софија на 31 јануари 1929 година. За прва Мис на Бугарија избрана е Љуба Јоцова, родена во Враца во 1907 година во семејство на трговец. Таа дипломирала на Францускиот колеџ во Русе, по што се преселила во Софија. Откако победила на натпреварот Мис на Бугарија, Јоцова учествувала и на Мис на Европа во Париз. Таа била поканета да учествува на Мис на светот во САД, но одбила. По Јоцова познат ресторан во Софија го нарекува својот сладолед. Таа станала рекламно лице на виткачот за коса „Јуџин“ и цигарите произведени од фабриката „Томасијан“. Фабриката за парфеми Папазов лансирала Љуба. Нејзиното лице било и на лозовите за лотарија. Откако Јоцова се омажила за адвокатот Веселин Веселинов се посветила на добротворна работа и на семејството. ми/

Остани поврзан