• недела, 28 јули 2024

Изложбата „Landscape Еxperience” ќе биде претставена на 59. Венециско биенале

Изложбата „Landscape Еxperience” ќе биде претставена на 59. Венециско биенале
Скопје, 22 април 2022 (МИА) -  Изложбата  „Landscape Еxperience” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска ја претставува Република Северна Македонија на 59. Венециско биенале за ликовна уметност. Ќе биде отворена вечер во 18 часот во Македонскиот павилјон во Венеција, сместен на фреквентна локација во објектот Скуола деи Ланери. На отворањето ќе се обратат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорката на Националната галерија на Северна Македонија, Дита Старова-Ќерими, која е комесар на мултимедијалниот проект „Landscape Еxperience” Тој вклучува видеоинсталации, објекти и фотографии, а во фокусот ја има „естетиката“ на напуштените (запуштени) пејзажи, ставени во нов контекст, со нови слоеви на транскрипција на диспозитивите: живот – смрт, убаво – грдо, витално – отровно. -На критичко-дискурзивен начин авторите укажуваат на опасностите што демнеат доколку не се преземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни, експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски, во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите, соопшти Министерството за култура. Куратори на изложбата се Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на РС Македонија, и Сања Којиќ Младенов, кустос советник во Музејот на современата уметност во Нови Сад  и кустос на проектот „Евровизија“ (Evrovizion) во Одделението за визуелна уметност на ИФА во Штутгарт. хс/са/

Остани поврзан