• понеделник, 23 декември 2024

Излезноста до 13 часот во Општина Тетово е 21,14 отсто

Излезноста до 13 часот во Општина Тетово е 21,14 отсто

Тетово, 24 април 2024 (МИА) - До 13 часот во Општина Тетово гласале 17.967 луѓе или 21,27% отсто од вкупниот број на 86.405 гласачи за денешниот прв круг од гласањето за избор на претседател на државата. Во Општина Тетово се гласа на вкупно 117 избирачки места.

Според податоци од електронскиот систем на Државната изборна единица за излезност на граѓаните за гласање на претседателските избори до 13 часот во Општина Теарце е 17,96% отсто, во Општина Боговиње 13,16% во Општина Брвеница 18,72%, во Општина Желино 11,89 отсто и во Општина Јегуновце 19,32 отсто од вкупниот број гласачи.

Во шесте општини на тетовскиот регион на претседателските избори можност за гласање ќе имаат 188.329 вкупно граѓани со право на глас. Своето избирачко право ќе може да го остварат на вкупно 265 избирачки места. ас/сст/

фото МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан