• петок, 30 август 2024

Излезе од печат збирката „Три точки“ од роднокрајниот автор Влатко Ситновски

Излезе од печат збирката „Три точки“ од роднокрајниот автор Влатко Ситновски

Делчево, 1 јануари 2022 (МИА) - Излезе од печат збирката поезија „Три точки“ од роднокрајниот делчевски автор Влатко Ситновски.

Делото содржи 25 песни, кои како што истакна авторот се лична инспирација од секојдневниот живот.

-Голем дел од песните се наградувани од средношколските денови, а темата е секојдневието и разни теми од животот, истакна Ситновски.

Во ракопис чува обемен материјал, од кој се надева дека во догледно време ќе произлезат уште печатени изданија, како надополнување на неговото прво дело.

Издавач на делото е „Студентски сервис“, а илустрациите се на Софија Ситновска. вс/нд/

Остани поврзан