• четврток, 26 декември 2024

Излезе од печат збирката „Драми“ на Ана Ристоска Трпеноска

Излезе од печат збирката „Драми“ на Ана Ристоска Трпеноска

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Неодамна од печат излезе збирката „Драми“ на Ана Ристоска Трпеноска во издание на Перун Артис од Битола.

Драмскиот ракопис на Ана Ристоска Трпеноска во голема мера потсетува на промислување на Мартин Кримп, драматичар кој заврти нова страница во британската драматургија. Таа е остра, неприкосновена, опскурна и ситничава во своите реплики, егзактна и сурова, но од друга страна е филозофски прибрана, длабока и неселективна.

Во книгата се поместени драмите: Јас, на некое друго место, 5:17, Да тргнеме, сењор и Големите очекувања. Овие четири драми зборуваат за драматуршка појава која во македонската драматика плени со својата специфика и комплексност.

Драматиката на Ана Ристоска Трпеноска е тензична, со софистициран и ангажиран хумор. дма/

 

Остани поврзан