Изгоре куќа во село Иловица, струмичко
- Синоќа во 21:15 часот изгоре куќа во село Иловица, струмичко. Според информацијата од ТППЕ Струмица во гаснењето на пожарот учествувале три против пожарни возила и 10 пожарникари

Струмица, 14 февруари 2025 (МИА) - Синоќа во 21:15 часот изгоре куќа во село Иловица, струмичко.
Според информацијата од ТППЕ Струмица во гаснењето на пожарот учествувале три против пожарни возила и 10 пожарникари
-Пожарот во поголем дел беше изгаснат од месното население. По пристигнувањето извршена е контрола и изгаснати се некои жаришта низ просториите на куќата, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.
Причинета е поголема материјална штета, а причината за пожарот ќе се утврдува. рт/дма/
Фото: ТППЕ Струмица