Изгоре комбајн во Струмичко
- Според информациите од ТППЕ Струмица, комбајнот се самозапалил кога преминувал преку канал на патот, а во гаснењето учествувале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Струмица, 24 октомври 2022 (МИА) - Во атарот на село Владевци, Струмичко, денеска околу 13:30 часот изгоре комбајн.
Според информациите од ТППЕ Струмица, комбајнот се самозапалил кога преминувал преку канал на патот, а во гаснењето учествувале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.
Пожарот бил изгаснат за кратко време по пристигнувањето на пожарникарите и не е дозволено огнот да се прошири наоколу. рт/ар/