• четврток, 26 декември 2024

Изгласана новата коалициска Влада во Ирска

Изгласана новата коалициска Влада во Ирска
Даблин, 27 јуни 2020 (МИА) - Членови на двете ирски водечки партии на централната десница и помалата Зелена партија синоќа гласаа за формирање нова коалициска влада, која ќе се фокусира на климатските активности и ќе стави крај на четиримесечната политичка блокада во земјата. Лидерот на партијата Фиана Фол, Мајкл Мартин треба да биде избран за премиер утре, а на таа позиција ќе ротира со сегашниот премиер Лео Варадкар од Фајн Гејл, како дел од договорот кој првпат ги обединува двете ривалски партии кои доминираат во ирската политика од стекнувањето независност пред еден век. Парламентарните избори во Ирска се одржаа во февруари, но ниту една партија не освои мнозинство, а коалициските разговори беа прекинати поради пандемијата на Ковид-19. паг/  

Остани поврзан