• сабота, 27 јули 2024

Изгаснат шумскиот пожар во атарот на виничкото село Блатец

Изгаснат шумскиот пожар во атарот на виничкото село Блатец
Виница, 22 јули 2022 (МИА) - Со брза и ефикасна интервенција на пожарникарите од Територијалните противпожарни единици од Кочани и Виница доцна попладнево е изгаснат шумски пожар на падините на Плачковица, во атарот на виничкото село Блатец. Огнот зафатил дел од дабовата шума и нискостеблести растенија на околу 15 хектари, а пожарникарите навреме спречиле да се прошири кон овоштарници и помошни објекти во близина. -Околу пладне добивме повик за пожар во месноста Скараница, непосредно до регионалниот патен правец од Виница кон Берово, по што со две наши интеревентни воизла и една цистерна се упативме на посочената локација. Како поддршка во гаснењето ни се придружија и колегите од Територијалната противпожарна единица и од Доброволното протипожарно друштво од Кочани со уште две возила. Заедно со месното население и вработени во околните стопанските објекти, формиравме три интервентни екипи, по што огнот беше локализиран, а потоа целосно изгаснат, истакна Станко Спасов, командир на ТППЕ - Виница. Како превентива од повторно разгорување на пожарот, во текот на попладнево и во вечерните часови ќе има дежурна екипа од пожарникари со едно интервентно возило. За пожарот се известени и надлежните служби во Полициската станица во Виница. та/рп/

Остани поврзан