Изгаснат пожар во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово
- Пожар избувна попладнево после 16 часот во стан од зграда на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово. Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше со две противпожарни возила и шестмина пожарникари.

Куманово, 24 септември 2024 (МИА) - Пожар избувна попладнево после 16 часот во стан од зграда на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово. Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше со две противпожарни возила и шестмина пожарникари.
Во пожарот нема повредени лица.
- Изгаснат е и нема повредени лица, причинета е материјална штета, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Пожарникарите го гасеа пожарот околу два и пол часа. ам/цр
Фото: МИА