• петок, 05 декември 2025

Изгаснат пожарот на сува трева и стрниште во близина на наплатна рампа Романовце

Изгаснат пожарот на сува трева и стрниште во близина на наплатна рампа Романовце

Куманово, 12 август 2025 (МИА) - Пожарникарите од територијалната протипожарна единица Куманово го изгасија пожарот на сува трева и стрништа од двете страни на наплатната рампа, информираа денеска од ТППЕ Куманово.

- Првиот пожар беше пред наплатната рампа, над поранешни „бараки“ во населбата „Тоде Мендол“, опожарена сува трева и стрниште. Го гасеа две екипи со две противпожарни возила од 9:40 до 13:00 часот. Вториот пожар беше од другата страна на истиот потег од бензинска пумпа, го гасеше една екипа со едно противпожарно возило од 12:05 до 13:20 часот, информираше командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Возачите на автопатот Куманово-Скопје и Куманово-Табановце реагираа дека е намалена видливоста поради чадот. ам/дма/


Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан