• понеделник, 23 декември 2024

Изгаснат пожарот кај трафостаницата во Пинтија, нормализирано снабдувањето со струја во Скопје

Изгаснат пожарот кај трафостаницата во Пинтија, нормализирано снабдувањето со струја во Скопје
Скопје, 13 февруари 2022 (МИА) - Целосно е изгаснат пожарот што доцна попладнето избувна на стрништетот спроти трафостаницата во Пинтија, предизвикувајќи оштетувања на високонапонската инсталација поради што поголемиот дел од Скопје остана без струја. Звонко Тоневски командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, изјави дека дојавата за пожарот била добиена во 17:45 часот. Веднаш е испратена една екипа од центар Драчево со две возила, а поради сериозноста на самиот објект-трафостаница, испратена е дополнителна помош од центар Автокоманда.
- На самото место видовме дека не станува збор за пожар во трафостаницата туку надвор од него. Поради искра на далноводот во непосредна близина беше опожарена површина од сува трева.
Веднаш е побарано да биде исклучено напојувањето од далноводите и е пристапено кон гасење.
За кратко време пожарот беше локализиран. Останатиот дел од интервенцијата беше превентивен заради повторното пуштање на далноводот, рече Тоневски.
Според информациите што ги добиле од екипите на АД МЕПСО, повторното пуштање поминало добро и се е во ред.
За можните причини за пожарот, Тоневски вели дека препоставките се оти може да е од неколкукратните прекини на електиричната енергија и испадите што ги имаше пред избувнувањето на огнот.
Не е исклучено исклучувањето и палењето на тревата да е од силното повлекување на струја од далновод.
- Можно е. Не знам дали е тоа од далноводот, затоа што имавме дојава за експлозија на далновод во индустрискта зона Бунарџик што можеби е поврзано едно со друго, изјави Тоневски.свс/са/

Остани поврзан