• петок, 27 декември 2024

Извидниците од извидничко-поречанскиот одред „Галеб“ добија свој парк во општина Аеродром

Извидниците од извидничко-поречанскиот одред „Галеб“ добија свој парк во општина Аеродром
Скопје, 13 март 2021 (МИА) -  Извидничко-поречанскиот одред „Галеб“ денеска доби свој парк во општина Аеродром, каде заедно со градоначалникот Златко Марин засадија 66 различни видови високостеблести садници. Местото кое од денеска ќе се нарекува Парк на извидниците се протега во зелениот појас на раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“, веднаш до просториите на Извидничко-поречанскиот одред „Галеб“. Бројката на засадените садници има симболично значење и ги одбележува 66-те години од основањето на овој извиднички одред. -Се радувам што денеска го збогативме ова зелено катче и го посветивме токму на извидниците. Извидништвото значи посебен начин на живот, ги учи младите на значајни животни вештини, а најважно од сè е тоа што извидниците ја почитуваат природата и животната средина, изјави Марин. Тој додаде дека ова е еден добар пример како може да се спојат грижата за животната средина и континуираната посветеност на младите во нашата општина. ки/ац/

Остани поврзан