• среда, 15 април 2026

Извештај: Северна Кореја спроведе нов ракетен тест од воен брод

Извештај: Северна Кореја спроведе нов ракетен тест од воен брод

Пјонгјанг, 14 април 2026 (МИА) - Северна Кореја спроведе уште една серија ракетни тестови - објавија државните медиуми денеска, вклучувајќи лансирање стратешки крстосувачки ракети и противбродски ракети.

Проектилите беа лансирани од поморскиот разорувач Чое Хјон, кој беше претставен минатата година, соопштија медиумите, додавајќи дека лидерот Ким Џонг-ун лично ги надгледувал тестовите.

Северна Кореја го засили ракетниот развој овој месец, вклучително и лансирање балистички ракети, за кои се тврди дека се опремени со контроверзна касетна муниција. Набљудувачите велат дека тестовите може да бидат и одговор на неодамнешните случувања на Блискиот Исток.

Резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации му забрануваат на Пјонгјанг да спроведува лансирања со користење технологија за балистички ракети. мс/јт/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан