• вторник, 24 декември 2024

Избран Олимпискиот тим составен од бегалци

Избран Олимпискиот тим составен од бегалци
Цирих, 8 јуни 2021 (МИА) – Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ја избра денеска екипата составена од 29 спортисти со статус на бегалци, кои ќе се натпреваруваат во 12 спортови на претстојните Игри во Токио. МОК избра 29 натпреварувачи во конкуренција на 55, кои побегнале од своите матични држави и добиле стипендии за тренирање во земјите во кои денес живеат. Екипата е составена од спортисти од Авганистан, Камерун, Конго, Демократска Република Конго, Еритреја, Иран, Ирак, Јужен Судан, Судан, Сирија и Венецуела. Тие ќе се натпреваруваат во пливање, атлетика, бадминтон, бокс, кану, велосипедизам, џудо, карате, стрелаштво, таеквондо, дигање тегови и борење. Спортисти под знамето со бела боја, која го симболизира Олимпискиот тим составен од бегалци, првпат настапи на Игрите во Рио де Женеиро во 2016 година. ег/гт/

Остани поврзан