• сабота, 23 ноември 2024

Избрано ново раководство на Либерално-демократска младина

Избрано ново раководство на Либерално-демократска младина
Скопје, 11 јули 2021 На ден 10.07.2021 година на 15тиот Конгрес на Либерално Демократската Младина беше избрано новото раководство за наредните 2 години. На Конгресот едногласно за претседател на младината беше реизран актуелниот претседател Димитар Ванчов. Тој понуди нова програма  која на Конгресот беше претставена пред членството. Дел од изјавата на новоизбраниот претседател:  "Ајде сите заедно да направиме младите да останат млади и да се залагаат за младински политики.Секоја млада индивидуа има свои уникатни карактеристики, а како такви општеството треба да ги негува и промовира.Ние како политички подмладок можеме да помогнеме во создавање на општетство во кое секој млад човек ќе се чувствува удобно во неговата кожа и ќе го ужива периодот кој што се случува еднаш во животот, а тоа е да си млад и да твориш како млада личност." Како подпретседател беше иозбран Александар Стојановски . Дел од неговата изјава, "Младите се најголемата сила која може да генерира промени кои ќе значат поголема инклузија на младите во општественото живеење. ЛиДеМ како младина секогаш застанува на страната на промените кои ќе значат поголема улога на младите во креирањето на политики, подобар младински стандард и зголемување на младинската активноство секоја област." За генерална секретарка на младината беше  избрана  Теодора Димитровска. Дел од нејзината изјава "Ние сме тие млади. Нашата активност е рефлексија на нашите заложби кои го гарантираат европскиот стандард за нашите млади дома, во нашата држава. Ние сме дел од сите други врсници во Европа, независно каде се лоцирани. Затоа повикуваме на единство и компактност на младите. Ајде заедно да го креираме она за кое се залагаме , ајде сите заедно да ги тргнеме бариерите кои постојат меѓунас. Ние сме таа иднина на која се повикува, ние сме таа промената која доаѓа и ние сме тие кои заедно треба  да работиме и дејствуваме. Млади за младите во име на младите" Либерално Демократска Младина _____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Тагови

Остани поврзан