• среда, 27 ноември 2024

Избрано новото раководство на ИПА Охрид за наредните пет години

Избрано новото раководство на ИПА Охрид за наредните пет години
Охрид, 7 февруари 2022 (МИА) – Членството на Интернационалната полициска асоцијација од регионот Охрид викендов го избраа составот на новиот Управен одбор на организацијата за наредните пет години. На собранието одржано во Охрид во присуство на претседатели и претставници на ИПА Македонија, ИПА Скопје и на неколку други ИПА региони, делегати, членови на ИПА Охрид и други гости со јавно гласање беше решено претседател на ИПА за Охрид да биде Стефан Димоски-претседател, Игор Смилески е избран за генерален секретар, Сашо Шумуликоски за помошен генерален секретар, Александар Голабоски - благајник, Антигона Цветаноска - помошник, Александар Трајкоски и Марина Секулоска - делегати во Националната секција на ИПА Македонија, а Наташа Лаброска, Јово Упески и Боге Цветаноски за членови во Надзорниот одбор. Притоа, избрани се ИПА координатори за Охрид - Наум Аиноски и Бојан Трковски, за подрегионот Струга - Марјан Шумуликоски, Беким Арифи за Кичево и Ридван Садикоски за Дебар, за ИПА секцијата на жени Наташа Бошалеска и Анкица Радеска, за спорт Дејан Чолески, мото клуб Јашар Седат и Дејан Георгиевски, на секцијата на ветерани Тони Филипов. Интернационалната полициска асоцијација е најголемата полициска организација во светот, формирана на 1 јануари 1950 година, составено од активни и пензионирани членови на полициската служба, без разлика на ранг, пол, раса, боја, јазик или религија. Целта на ИПА е професионална соработка, создавање пријателство помеѓу припадниците од сите ИПА земји-членки, врз основа на Статут и начелата утврдени во декларацијата за човекови права, усвоена од страна на Генералното собрание на ООН во 1948 година. аб/цр

Тагови

Остани поврзан