• сабота, 23 ноември 2024

Избрани композииците за фестивалот „Ех, таа серенада“ во Битола

Избрани композииците за фестивалот „Ех, таа серенада“ во Битола

Битола, 28 мај 2024 (МИА) - Културно информативен центар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“ ги избра композииците што ќе бидат испеани на второто издание закажано за 11 јули во битолскиот Офицерски дом.

По завршувањето на конкурсот, комисијата за избор и селекција  ги избра песните „Да ми потрае денот“ чиј автор на текст е Валентин Соклевски, а композитор Давор Неќак, потоа „Госпоѓа Марија“ чиј комплетен автор е Петар Георгиев Калица, а меѓу 16 композиции на автори од градот и земјата се и песните „Дојди кај што цутат липите“, „Јас од мерак боледувам“, „Кажи, кажи Широк Сокак“ и други.

Избраните музички дела на авторите и исполнителите ќе бидат наградени согласно пропизициите на фестивалот. мт/дма/


Фото: „Ех, таа серенада“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан