• четврток, 26 декември 2024

Избор песни од Братислав Ташковски објавени во српското списание „Траг“

Избор песни од Братислав Ташковски објавени во српското списание „Траг“
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Избор песни од реномираниот македонски поет, публицист, раскажувач Братислав Ташковски објавени се во списанието за книжевност, уметност и култура „Траг“ од Врбас, во Република Србија. Во рубриката „Траг других“ на 69-от број, се дванаесет песни од македонскиот автор во препев на срспки јазик од Радослав Вучковиќ, меѓу кои и „Автопортрет, „Енигма“, „Дух таговник“ и „Погреб на планината“ посветена постхумно на бардот на македонската современа поезија и негов учител, академик Гане Тодоровски. Братислав Ташковски е роден во Скопје 1960 година. Студирал новинарство на Универзитетот УКИМ во Скопје. Има објавено преку 20 книги поезија, пет романи, три драми и една книга есеи. Добитник е на наградите „Студентски збор“, „Млад Борец“, „Браќа Миладиновци“, „Рациново Прознание“, „Ацо Шопов“, Државната награда за најдобра книга од областа на публицисктиката„ и минатата година на „Антево перо“. Бил претседател на Советот на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“.Застапен е во многу антологии. Неговите дела се преведени на француски, руски, турски, словенечки, хрватски, српски, полски, шпански и на руски јазик. Покренувач е и главен уредник на списанието за книжевност и култура „Акт“. Живее во Скопје. Песни од Ташковски изминативе години се објавени и во неколку други знаменити српски списанија за култура и литература, како „Исток“, „Повеља“.. Минатата година во издание на Наис Принт од Ниш излезе збирката песни „Затварање на кругот“ во препев на Вучковиќ, во ко која се поместени 78 негови песни. вг/са/          

Остани поврзан