• вторник, 11 февруари 2025

ИЗБОРИ 2024 / Апасиев и Ванковска ја поднесоа иницијативата за собирање потписи до ДИК 

ИЗБОРИ 2024 / Апасиев и Ванковска ја поднесоа иницијативата за собирање потписи до ДИК 

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев и проф. Билјана Ванковска денеска и официјално ја поднесоа Иницијативата за собирање потписи за кандидатура за Претседателските избори 2024 година до ДИК.

Рокот за собирање потписи започнува во петок (23-ти февруари) и завршува на 8-ми март (петок).

- Поддршката за кандидатурата на проф. Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во кои е заглавена Републиката од страна на партиите на естаблишментот. Преку Левица, не само што народот ја изразува својата волја, туку и вистински учествува во демократскиот процес преку реална народна партиципативност. Ги повикуваме сите мотивирани, свесни и неуценети граѓани да ни се придружат во борбата!, се наведува во соопштението од политичката партија Левица. цр/аа/

Фото: ПП Левица

Остани поврзан