• среда, 25 декември 2024

ИЗБОРИ 2024/Бошњачки демократски сојуз: Пет причини зошто Мерсиха Смаиловиќ е најдобриот кандидат за претседател

ИЗБОРИ 2024/Бошњачки демократски сојуз: Пет причини зошто Мерсиха Смаиловиќ е најдобриот кандидат за претседател

28 февруари 2024 

1. *„Прва меѓу еднаквите“*. Велат дека не постои држава без право, ниту правото без држава. Повеќедеценискиот ангажман на активистката Мерсиха Смаиловиќ, правник по вокација, во борбата за граѓанските права и права на жените ја издвојува од сите оснатати од аспект на нејзиното искуство во тој дел, сензибилитетот за правото, но и емпатијата која таа ја има кон граѓаните, а која многу недостасува кога се во прашање меѓучовечките односи. Како „прва меѓу еднаквите“ таа би била вистински пример за сите.

2. *Кандидатка која обединува*. Граѓаните ја препознаваат Мерсиха како личност која преку својата професионална работа, активизмот и општественото делување се истакнува со инклузивниот пристап кон сите граѓани. Секогаш кога иницира акции кои се важни за општеството, без оглед дали се од хуманитарен, правен или било кој друг карактер, таа критички го поставува прашањето а каде се останатите. Таа секогаш ја нагласува потребата за видливост на невидливите категории граѓани, кои системот поради својата небрежност и нефункционалност не ги препознава.

3. *Енергична и оптимистична*. Прва асоцијација за Мерсиха Смаиловиќ е дека таа е енергична и оптимистична. Без оглед колку е зафатена со обврските на многу полиња, секогаш е расположена да биде во функција на потребите кои се од витално значење за граѓаните. Нејзината енергија секогаш ги мотивира и останатите и така таа секогаш е двигател на акциите кои значат промена кон подобро. Иако на своја кожа има почувствувано бројни неправди токму поради борбата за подобро утре, никогаш не се откажала од активизмот. Доколку знаеме дека оптимизмот недостасува многу во јавниот простор, тогаш појавата на Мерсиха во својство на претседателски кандидат е тронка надеж во оние кои веруваат дека сепак е можно да живееме подобро. И тоа, граѓаните и го заслужуваат.

4. *Одговорна и способна*. За жал одговорноста  во македонската политика е мисловна именка. Кога последен пат сте слушнале дека некој од политичарите и функционерите пред јавноста презел одговорност и сносел последици за постапките? Никогаш. Не се памети такво нешто. Мерсиха секогаш повикува на одговорност, а при своето делување постапува одговорно и сериозно. На тој начин таа со практичен пример покажува како одговорноста може да биде доблест и како со одговорно работење се станува синоним за професионализам.  

5. *Различна и креативна. Ги разбира младите*. Ако направите куса анкета помеѓу младите луѓе, ќе ви речат дека тргнале раце од политика бидејќи постојано исти ликови се „мотаат“ на политичката сцена како на филмска лента. Но Мерсиха за нив е вистинско освежување на политичката сцена. Таа работи и соработува со младите, секојдневно е во нивното опкружување и затоа е препознаена како нивен сојузник бидејќи лесно ги детектира нивнте потреби и проблеми и во согласност со тоа нуди креативни решенија. Со својот автентичен изглед стана препознатлива, а нејзиниот начин на комуникација влева доверба кај луѓето. А  токму довербата е  тоа што ни недостасува. Токму затоа Мерсиха е најдобриот избор.

Бошњачки демократски сојуз

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан