• понеделник, 23 декември 2024

Избодени осум лица во Шведска, напаѓачот застрелан од полицијата (ДПЛ)

Избодени осум лица во Шведска, напаѓачот застрелан од полицијата (ДПЛ)
Стокхолм, 3 март 2021 (МИА) - Шведската полиција врши истрага за нападот со нож кој попладнево се случи во градот Вентланд, во јужниот дел од земјата, при што биле избодени најмалку осум лица. Полицијата наведува дека е можно да станува збор за терористички напад. Засега не е потврден ниту еден смртен случај, а едно лице се наоѓа во притвор. Полицијата соопшти дека момче на околу 20-годишна возраст почнало да ги напаѓа со нож луѓето околу себе околу 15 часот, по што безбедносните сили отвориле оган и го раниле во нога. Напаѓачот е пренесен в болница. Некои од жртвите се полесно, а некои се потешко повредени. Мотивот за нападот се уште не е познат, но полицијата засега го третира како терористички. Моментно ситуацијата е под контрола. гт/

Остани поврзан