• понеделник, 23 декември 2024

Избирачите во Казахстан го поддржаа планот за изградба на нуклеарна централа

Избирачите во Казахстан го поддржаа планот за изградба на нуклеарна централа

Астана. 7 октомври 2024 (МИА) - Гласачите во Казахстан, вчера, на референдум, го поддржаа владиниот план за изградба на нуклеарна централа во земјата, соопшти денеска изборната комисија во земјата. 

Британските медиуми пренесуваат дека комисијата соопштила дека 71,12 отсто од гласачите ја поддржале изградбата на централата. 

Идејата за изградба на нуклеарна централа ја промовира владата на претседателот Касим Токаев, додека централноазиската земја се обидува постепено да ги исфрли застарените термоцентрали. 

Овој план, меѓутоа, наиде на критики од јавноста поради можните опасности, наследство од советските нуклеарни тестирања и стравувањата дека Русија ќе биде вклучена во проектот за изградба на нуклеарна централа, објавија претходно руските медиуми.

Иако има значителни резерви на природен гас, Казахстан, земја со околу 20 милиони жители, главно се потпира на централите на јаглен за производство на електрична енергија, со дополнително производство од некои хидроелектрични централи и секторот за обновливи извори на енергија.сд/

фото:Анадолија

Остани поврзан