• вторник, 24 декември 2024

ИДФ ја уништила куќата на лидерот на Хамас во Газа

ИДФ ја уништила куќата на лидерот на Хамас во Газа

Газа, 16 ноември 2023 (МИА) - Израелската армија лиферуваше информација дека воените авиони во градот Газа го нападнале домот на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија. 

ИДФ објави и видео на кое се гледа голема експлозија, на која наводно е уништувањето на куќата на Ханија, пренесе Си-Ен-ЕН.

Ханија веќе неколку години не живее во Газа, а од 2019 година е на релацијата Катар-Турција. 

„Тајмс оф Израел“ наведува дека лидерот на Хамас со години наназад се наоѓа под критичка опсервација на многу Палестинци за удобниот живот што го води далеку од Газа. 

До 2006 година и победата на Хамас врз Фатах на палестинските избори во Газа, Ханија не беше многу познат меѓу членството и раководството на терористичката група, но, по изборната победа, неговиот углед почна да расте.

Тој прво беше назначен за премиер на Палестинската управа во Појасот Газа, а неговото богатство почна брзо да расте благодарение на контролата што тој и другите министри во владата на Хамас ја вршеа врз економијата во Газа и даноците што ги собираа на стоките увезени од Египет. Богатството наводно дошло од данокот од 20 отсто на сета стока што минувала низ тунелите под Газа, што високите функционери на Хамас, вклучително и Ханија, го наплаќале од Палестинците, се наведува во извештајот на Ynet, израелска медиумска веб-страница. сд/

фото: Х

Остани поврзан