• вторник, 26 ноември 2024

ИДФ: Повеќе од 60 оперативци на ПФЛП уапсени на Западниот Брег и во Либан

ИДФ: Повеќе од 60 оперативци на ПФЛП уапсени на Западниот Брег и во Либан

Тел Авив, 5 ноември 2024 (МИА) – Повеќе од 60 оперативци на организацијата Народен фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) се уапсени за време на операции на Западниот Брег и во Либан, соопштија во заедничко соопштение израелската армија (ИДФ) и Шин Бет.

Меѓу уапсените на Западниот Брег била и Абла Садат, претседателка на Здружението на женски комитети на ПФЛП, како и сопругата на лидерот на ПФЛП, Ахмад Садат, кој е во израелски притвор од 2006 година, пишува Тајмс оф Израел. Уапсен е и активистот Тарир Бадран Габер од Рамала.

Израел го прогласи Здружението на женски комитети ПФЛП за терористичка организација.

ИДФ и Шин Бет соопштија дека се уапсени и клучни членови на ПФЛП од Западниот Брег, вклучително и оние кои раководеле со терористички активности, како и оние кои дејствувале на терен. Во соопштението се наведува дека се уапсени и студенти од Западниот Брег кои биле активни членови на групата ПФЛП на универзитетите.

Исто така, биле извршени рации и затворени се канцеларии и бизниси поврзани со ПФЛП, вклучително и печатница која произведувала пропагандни материјали за организацијата.

Во соопштението се наведува дека армијата спроведува операции против ПФЛП во Либан од крајот на септември, кога беше убиен командантот на ПФЛП во Либан, Нидал Абд ал-Ал, кој бил вклучен во планирање и извршување на терористички напади на Западниот Брег. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан