ИДФ и Шин БЕТ: Во ноќешната копнена операција во Газа ослободен заробен израелски војник
- Во заедничката изјава, ИД и Шин Бет велат дека капларот Ори Мегидиш е во добра состојба и веќе се вратила во семејството. ИДФ соопшти дека Мегидиш била спасена за време на копнена операција во текот на ноќта, но не се дадени дополнителни детали.

Тел Авив, 30 октомври 2023 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносната агенција Шин Бет соопштија дека капларот Ори Мегидиш, која беше заробена од терористичката група Хамас на 7 октомври и однесена во Појасот Газа, ноќеска е спасена во копнената операција на израелските сили.
Во заедничката изјава, ИД и Шин Бет се наведува дека капларот Ори Мегидиш е во добра состојба и веќе се вратила во семејството.
ИДФ соопшти дека Мегидиш била спасена за време на копнената операција во текот на ноќта, но не даде дополнителни детали за начинот на ослободувањето.
Мегидиш е припадник на извидувачка единица и Хамас ја зел за заложник на 7 октомври, кога терористите упаднаа во базата Нахал Оз. сд/
фото:Шин Бет