• недела, 01 септември 2024

ИДФ: Длабоко на територијата на Газа се водат жестоки борби

ИДФ: Длабоко на територијата на Газа се водат жестоки борби

Тел Авив, 31 октомври 2023 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во изминатите неколку часа нивните војници биле ангажирани во „жестоки борби против терористите на Хамас длабоко во Појасот Газа“. 

ИДФ соопшти дека копнените и воздушните сили погодиле неколку позиции на Хамас и единици за наведувани противтенковски ракети.

Според ИДФ, во денешните борби израелските војници убиле десетици терористи на Хамас, а заплениле е оружје. сд/

фото: МИА архива

  

Остани поврзан