Идоли на Мбапе беа, Зидан, Кристијано и Бразилецот Роналдо
- Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, ги кажа своите идоли од детството.

Париз, 21 јануари 2020 (МИА) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, ги кажа своите идоли од детството.
- Првиот идол од детството ми беше Зидан. Ако сте француско момче, Зидан е вашиот идол. После тоа беше Кристијано Роналдо, имав среќа да го сретнам. Третиот е бразилскиот Роналдо поради стилот на играње. Сакам да оставам белег како нив во историјата на фудбалот, изјави францускиот репрезентативец.