Идниот лидер на ВРЕДИ ќе се бира меѓу Меџити и Касами
- Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити денеска во гостувањето во емисијата „Директно“ на Телма изјави дека меѓу него и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами ќе се избира идниот лидер на ВРЕДИ.
Скопје, 25 октомври 2025 (МИА) - Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити денеска во гостувањето во емисијата „Директно“ на Телма изјави дека меѓу него и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами ќе се избира идниот лидер на ВРЕДИ.
-Тука некаде е. Тој е повеќе фактор во Тетово, јас во Скопје. Ова се два главни града каде се концентрирани Албанците и затоа работиме на креативни решенија. Има повеќе решенија низ партиите во Европа, разгледуваме модели од Германија, рече Меџити. ац/сст/
Фото: ТВ Телма