Игор Димески: Левица ќе направи сè да се институцијализираат барањата на бранителите
- Носителот на листата со кандидати на Левица за ИЕ6 Игор Димески денеска имаше средба со бранителите од 2001 година.
Тетово, 3 мај 2024 (МИА) - Носителот на листата со кандидати на Левица за ИЕ6 Игор Димески денеска имаше средба со бранителите од 2001 година.
-Левица ќе направи сè да се институцијализираат барањата на бранителите, и дека потребен е нов закон за бранители, за да не бидат третирани како граѓани од втор ред, како што е во моментов. Бранителите ги изнесоа своите барања и нереализирани ветувања од претходните власти, кои останаа само празни усни ветувања, изјави Игор Димески.
Средбата се одржа во населбата Два Бреста - Тетово, во паркот кај споменикот на Иљо Антевски-Смок. ас/вг/
фото: Левица