Иван Варадиновски нов шеф на стручниот штаб на ФК „Каменица Саса“
- Иван Варадиновски е нов шеф на стручниот штаб на Фудбалскиот второлигаш „Каменица Саса“ од Македонска Каменица. Со неговото назначување за тренер на екипата, како што истакнаа од клубот, почн

Македонска Каменица, 18 јуни 2022 (МИА) - Иван Варадиновски е нов шеф на стручниот штаб на Фудбалскиот второлигаш „Каменица Саса“ од Македонска Каменица. Со неговото назначување за тренер на екипата, како што истакнаа од клубот, почнуваат новитетите во зелено-црниот тим за следната сезона.
-Варадиновски има долгогодишно искуство во македонскиот фудбал. Како фудбалер своите први чекори ги прави во Брегалница Штип, каде што за првпат настапува и во сениорски тим. Тој е поранешен фудбалер и на Беласица, Скопје, Локомотива и Плачковица. Се работи за млад фудбалски стручњак кој е полн со ентузијазам и желба за работа, велат од клубот од Македонска Каменица.
Во својата изјава Варадиновски се заблагодари за укажаната доверба на управата на ФК „Каменица Саса“, ветувајќи дека ќе се вложи максимално и ќе даде се од себе за да ја оправда довербата.
Од своите поранешни искуства, Варадиновски претходно раководеше и со клупата на ФК „Пехчево“, каде две години беше и асистент на шефот на стручниот штаб, а има искуство и како поранешен тренер на најмладите категории на Штипска Брегалница продолжувајќи ја својата работа како тренер во пионерско-младинската школа од Штип. вс/вј/