• понеделник, 23 декември 2024

Ивановски со нов македонски рекорд до 29. место на полумаратонот на ЕП во Рим

Ивановски со нов македонски рекорд до 29. место на полумаратонот на ЕП во Рим

Рим, 9 јуни 2024 (МИА) – Македонскиот маратонец Дарио Ивановски постави нов државен рекорд на полумаратон од Европското првенство кое се одржува во Рим.

Тој претпладнево полумаратонот во италијанската престолнина го истрча со време со време од 1:04.01 час. Претходното најдобро време на Ивановски на оваа делница изнесуваше 1 час 4 минути и 45 секунди.

Ивановски трката ја заврши на 29. место во конкуренција на 64 натпреварувачи.

Златниот медал го освои домашниот претставник Јеманеберхан Крипа со време 1 час, една минута и 3 секунди . Втор беше Пјетро Рива исто така од Италија со една секунда заостанување, додека трет на целта стигна Германецот Аманал Петрос со време 1:01.07 час. зс/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан