• среда, 25 декември 2024

Ивана Васева и Филип Јовановски ќе учествуваат на изложбата „Имагинарни граници“ во Нови Сад

Ивана Васева и Филип Јовановски ќе учествуваат на изложбата „Имагинарни граници“ во Нови Сад
Скопје, 23 јуни 2022 (МИА) - Уметницата кураторка Ивана Васева и визуелниот уметник Филип Јовановски денеска ќе учествуваат на изложбата „Имагинарни граници“ која ќе биде поставена до 28 август на платото Субин во Лиманскиот парк во Нови Сад. Кураторскиот тим Милош Милетиќ и Мирјана Радовановиќ од колективот „Курс“, селектираа уметници, активисти и колективи да го коментираат терминот „Тврдина на мирот“, една од тематските рамки на проектот „Нови Сад - европска престолнина на културата 2022 година“, од кои е дел и оваа изложба. Јовановски и Васева ќе се претстават со делото „Домче“, реферирајќи на бруталистичкиот културен дом- месна заедница во населбата Тафталиџе во Скопје. Проектот „Домче“ е долгорочен интердисциплинарен проект инициран од Филип Јовановски и куриран од Ивана Васева, кој во рамки на оваа изложба ќе биде претставен во форма на неколку специјално дизајнирани знамиња и посветен на неодамна починатиот архитект, истражувач и активист, Срѓан Јовановиќ Вајс.бт/са/

Остани поврзан