Ибрахимовиќ: Коронавирусот имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја
- Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги коментираше информациите дека бил заразен со коронавирус.
Милано, 24 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги коментираше информациите дека бил заразен со коронавирус.
- Вчера имав негативен тест за коронавирус, денес имав позитивен тест. Нема симптоми или нешто слично. Коронавирусот имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја – напиша Швеѓанецот на Твитер.