Ибрахими: Повикот за бојкот од ДУИ е страв од пораз
- Лидерот на Алтернативата, Зеќирија Ибрахими, во видео изјава го коментираше повикот за бојкот на локалните избори од страна на ДУИ, посочувајќи дека во корист на демократијата е во оваа партија што побрз да се случи реформски процес.

Скопје, 14 март 2025 (МИА) - Лидерот на Алтернативата, Зеќирија Ибрахими, во видео изјава го
коментираше повикот за бојкот на локалните избори од страна на ДУИ, посочувајќи дека во корист на демократијата е во оваа партија што побрз да се случи реформски процес.
Доколку ДУИ сака да опстане, нагласува Ибрахими, Ахмети мора да си замине од ДУИ.
-Изјавите на претседателот на ДУИ дека нема да учествува на локалните избори се поврзани единствено со фактот дека тој е свесен дека за првпат нема да може да ги манипулира изборите. Нема да може да купува гласови, нема да може да ги заплашува граѓаните. А без тие средства, тој не сака да влезе во изборната трка, бидејќи е свесен дека ќе биде поразен, рече Ибрахими.
Тој смета дека нова, реформирана ДУИ, без дамките од минатото, е добредојдена во изборна трка.
-Колку побрзо се случи оваа реформа, толку подобро за демократијата, за Албанците, но и за самата ДУИ. Нема вистинска демократија без фер натпревар – а нема фер натпревар со Али Ахмети на чело на ДУИ. ДУИ досега, како корумпирана и со темно минато, е неиздржлива, вели тој во изјавата (https://app.filemail.com/d/lqyoljtzleaqozb).
Иднината на ДУИ, смета тој, не може да остане заложник на еден човек.
- Ако ДУИ сака да опстане, Ахмети мора да си замине од ДУИ и да отстапи место за реформирана ДУИ, која го почитува демократскиот процес и учествува на изборите со кредибилитет, изјави Ибрахими. ев/са/
ФОТО: Принтскрин