• сабота, 23 ноември 2024

ИАТА: Дури во 2023 година бројот на патници ќе биде на нивото како пред пандемијата

ИАТА: Дури во 2023 година бројот на патници ќе биде на нивото како пред пандемијата
Париз, 27 мај 2021 (МИА) - Во 2023 година ќе се врати бројот на патници во авионите во светот на нивото од 2019 година односно како пред пандемијата со Ковид-19, што доведе до колапс на воздушниот сообраќај, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Се очекува годинава бројот на превезени патници ширум светот да биде 52 отсто од пред кризата, а следната година да се искачи на 88 проценти. Дури во 2023 година бројот на патници треба да го надмине нивото од 2019 односно да се зголеми за 105 отсто и на крајот од деценијата да достигне 5,6 милијарди патници благодарение на очекуваниот годишен раст од 3,9 проценит од 2025 до 2030 година. Според Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО), бројот на патници во 2020 година се намалил на 1,8 милијарди, како што беше во 2003 година. ми/

Остани поврзан