• недела, 07 декември 2025

Зухди Енуз нов в.д. директор на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Зухди Енуз нов в.д. директор на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје
Скопје, 3 јануари 2022 (МИА) - Новоназначениот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зухди Енуз, денеска ја презема функцијата од досегашниот директор Абдусамед Шабани. -Енуз и Шабани разговараа за активностите поврзани со собирањето и транспортот на комуналниот отпад и предизвиците при раководењето со едно од најголемите јавни претпријатија коешто е од витално значење за функционирањето на градот Скопје, се вели во соопштението од ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје. Енуз е дипломиран правник, досега бил активен во приватниот деловен сектор како менаџер на повеќе компании. ки/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан