• среда, 25 декември 2024

Зоран Милановиќ, како кандидат на Социјалдемократската партија, ќе се бори за втор мандат 

Зоран Милановиќ, како кандидат на Социјалдемократската партија, ќе се бори за втор мандат 

Загреб, 29 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Пеѓа Грбин, денеска соопшти дека актуелниот претседател Зоран Милановиќ ќе биде кандидат на партијата на претседателските избори оваа година. Милановиќ се кандидира за втор мандат на функцијата, пренесува Н1.

Грбин истакна дека партијата гласала Милановиќ да биде нејзин кандидат на претседателските избори, иако немало целосна согласност по ова прашање.

- Нема да кажам кој беше против, но оваа одлука беше донесена со големо мнозинство гласови. Тој (Милановиќ) ги споделува нашите вредности и е бариера пред целосното преземање на оваа земја. Верувам дека наскоро ќе следи и поддршка од другите партии, изјави Грбин.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се кандидираше со СДП и за премиер на парламентарните избори во април оваа година, но загуби од премиерот Андреј Пленковиќ и неговата партија Хрватска демократска заедница. Според анкетите на јавното мислење, довербата во Милановиќ опаднала по парламентарните избори и тој повеќе не е најпопуларниот политичар во Хрватска. Првото место сега го зазема премиерот Пленковиќ. ссм/

фото: архива

Остани поврзан