• вторник, 24 декември 2024

Зоран Милановиќ и натаму најпозитивно перципиран политичар во Хрватска

Зоран Милановиќ и натаму најпозитивно перципиран политичар во Хрватска

Загреб, 26 јуни 2024 (МИА) - Според резултатите од првото истражување на Кробарометар по европските парламентарни избори одржани во Хрватска, најпозитивен политичар со 44 отсто поддршка е претседателот на Републиката Зоран Милановиќ, второто место го делат премиерот Андреј Пленковиќ и градоначалникот од Загреб Томислав Томашевиќ со 37 отсто, додека најнегативно е перципиран лидерот на СДС, Милорад Пуповац, кој оставил таков впечаток кај 72 отсто од испитаниците.

На второ место на негативната листа е лидерот на највлијателната опозициска СДП, Пеѓа Грбин, со 59 отсто, додека на трето, четврто и петто место со по еден отсто разлика се Андреј Пленковиќ, претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ и пратеникот Хрвоје Зекановиќ.

Според истото истражување, објавено од Дневник Хрватска Нова ТВ, оптимизмот на граѓаните во однос на насоката во која оди Хрватска е ист како и претходната: 65 отсто од анкетираните сметаат дека земјата оди во лоша насока, а 26 проценти дека оди во добра насока. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан