ЗОИ2026: Швеѓанката Карлсон го освои златото во крос кантри слободен стил на 10 км
- Швеѓанката Фрида Карлсон го освои денеска златниот медал во трката на 10 километри крос-кантри слободен стил на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Милано/Кортина, 12 февруари 2026 (МИА) – Швеѓанката Фрида Карлсон го освои денеска златниот медал во трката на 10 километри крос-кантри слободен стил на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Карлсон дојде до златото со време од 22:49,2 минути.
Нејзината сонародничка Еба Андерсон го освои сребрениот медал, заостанувајќи 46,6 секунди зад Карлсон.
Бронзениот медал го освои Американката Џесика Дигинс со време од 23:38,9 минути.ег
ФОТО: ЕПА