• сабота, 14 февруари 2026

ЗОИ 2026: Трето злато за Клаебо од Норвешка

ЗОИ 2026: Трето злато за Клаебо од Норвешка

Вал ди Фиеме, 13.февруари 2026 (МИА) – Јоханес Хоесфолт Клаебо од Норвешка е победник на и освојувач на златниот медал на трката во крос кантри 10 километри. Ова за него трет златен медал на Игрите во Милано Кортина и се промовира потенцијално за најуспешен спортист на Игрите. Тој патеката од 10 км ја мина за 20:36.2 минути.

Второто место му припадна на Матиас Делож од Франција, кој имаше 4,9 секунди заостанување зад победникот. Бронзата заврши кај уште еден натпреварувач од Норвешка Еинор Хедегарт, кој заостана 14 секунди зад сонародникот Клаебо.

За Норвешка ова беше осми златен медал на овие Игри, а вкупно 18-ти.

На трката настапи и македонскиот олимпиец Ставре Јада, кој го освои 83.место со време 25:28.9 минути. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан