• петок, 13 март 2026

ЗОИ 2026 (МИА): Француските биатлонци освоија злато во машката штафета

ЗОИ 2026 (МИА): Француските биатлонци освоија злато во машката штафета

Милано, 17 февруари 2026 (МИА) – Репрезентацијата на Франција освои злато во машката штафета на биатлон 4 x 7,5 км на Олимписките игри во Милано во 2026 година.

За „Триколорите“ настапија Фабиен Клод, Емилиен Жаклен, Квентин Фијон-Маје и Ерик Перо. Нивното време беше 1 час, 19 минути, 55,2 секунди, со девет казни и една пенална рунда.

Норвешка во состав Мартин Улдал, Јохан Олав Ботн, Стурла Легрид и Ветле Кристијансен го освои среброто, со заостанување од 9,8 секунди со шест казни. 

Шведска Виктор Брант, Јеспер Нелин, Мартин Понсилуома и Себастијан Самуелсон) го освои бронзениот медал, со заостанување од 57,5 ​​секунди со шест казни.

За Франција ова е прво олимписко злато во машка штафета. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан