• недела, 01 септември 2024

ЗОИ: Херман победничка во биатлонот на 15 км.

ЗОИ: Херман победничка во биатлонот на 15 км.
Пекинг, 7 февруари 2022 (МИА) - Германската биатлонка Дениз Херман го освои златото на Олимпијадата во Пекинг во индивидуална трка на 15 километри. Херман патека ја мина со време 44:12.7 секунди. Второто место го зазеде Французинката Анаис Шевалие-Буше со 9,4 секунди побавно време од победничката. Бронзениот медал и припадна на на Норвежанката Марта Олсбу Ројзеланд која трката ја заврши со 15,3 секунди послабо време од Херман. Триесет и тригодишната Херман е освојувач на бронзен медал на Олимписките игри во 2014 година во скијачка штафета во крос-кантри. Покрај тоа, таа е светски шампион во биатлон во 2019 година во потера. За германската репрезентација ова е втор златен медал на Олимписките игри во Пекинг. зс/

Остани поврзан