• сабота, 23 ноември 2024

ЗНМ: Новинар и снимател се нападнати со секира, бараме итна реакција од МВР

ЗНМ: Новинар и снимател се нападнати со секира, бараме итна реакција од МВР

Скопје, 16 февруари 2022

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага за денешниот напад кон нашите колеги од ТВ Полог, Тетово.

Имено, денеска за време на снимањето инсерти за репортажа од основното училиште ,,Наим Фрашери” во село Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, Гостиварско околу 14:00 часот новинарот Неври Адеми и снимателот Збулим Максути, вербално а потоа и физички биле нападнати од страна на едно лице.

Според изјавите на нашите колеги, за потребите на репортажата за спроведувањето на проектите во училиштето додека тие снимале во училиштето Бурхан Хамити им се обратил со вербални навреди и закани, при што го фатил снимателот за глава и го туркал по скалите во училиштето.

ЗНМ веднаш контактираше со новинарот на ТВ Полог Неври Адеми и тој ни потври за овој инцидент и ни даде конкретни информации дека: ,,Додека снимавме и работевме на репортажата со колегата снимател Збулим, ни се доближи лицето Бурхан Хамити и откако ни се обрати со погрдни зборови, го фати колегата за глава и го буткаше по скали. Потоа слезе во училишниот двор и почна да не брка со секира. Ние брзо влеговме во автомобилот и се упативме до полициска станица да го пријавиме нападот,а напаѓачот цело време не следеше со неговиот автомобил дури до селото Неготино, гостиварско,“ изјави Адеми.

ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот. Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.

Здружение на новинарите на Македонија 

___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан