• сабота, 23 ноември 2024

ЗНМ: Го осудуваме селективниот пристап на Владата за акредитација на медиуми

ЗНМ: Го осудуваме селективниот пристап на Владата за акредитација на медиуми

Скопје, 4 февруари 2023

Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува селективниот пристап на Владата за акредитирање на одредени медиуми за следење на настанот на кој ќе се одбележува 151-вата годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Доцна попладнево, дел од македонските медиуми добиле негативен одговор во врска со нивното барање за акредитација на овој настан, без никакво дополнително објаснување, иако апликациите биле поднесени во бараниот рок. По денешните забрани за пристап до локацијата каде што ќе се одржи одбележувањето на овој значаен датум, ЗНМ денеска по вторпат реагира за ситуација во која што новинарите се спречени да ја вршат работата професионално, што пак носи ризик од недоволна информираност на јавноста.

Потсетуваме дека новинарите и медиумските работници имаат право да бидат присутни на настан од јавен интерес бидејќи тоа е дел од нивната работа, исто како и сите други јавни функционери кои ќе бидат дел од манифестацијата.

ЗНМ вечерва испрати и допис до Владата на РСМ во кој бара да се објасни и воедно да се промени одлуката за акредитирање на конкретните медиуми, со цел истите да можат утре да го проследат настанот.

Здружение на новинарите на Македонија

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан