• среда, 27 ноември 2024

Знаците за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина ја намалија цената на нафтата под 106 долари

Знаците за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина ја намалија цената на нафтата под 106 долари
Лондон, 29 март 2022 (МИА) - Цените на нафтата паднаа под 106 долари за барел денеска поради знаците за напредок во разговорите меѓу Русија и Украина што би можеле да ги олеснат проблемите со снабдувањето со руска нафта и послабата кинеска побарувачка во услови на построги мерки за контрола на Ковид-19. На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево беше пониска за 6,51 долар во однос на претходното затворање и изнесуваше 105,97 долари. На американскиот пазар денеска се тргуваше за 99,55 долари - 6,41 долари пониско за барел. Трговците вчера беа загрижени за строгите мерки за сузбивање на Ковид-19 во Шангај, што ја погоди побарувачката за гориво во Кина, најголемиот увозник во светот. На Шангај отпаѓа околу четири отсто од потрошувачката на нафта во Кина, објаснуваат аналитичарите на ANZ Research. аа/

Остани поврзан