• сабота, 23 ноември 2024

ЗКЛМ домаќин на Европскиот регионален состанок IFATCA ERM во Скопје

ЗКЛМ  домаќин на Европскиот регионален состанок IFATCA ERM во Скопје

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Здружението на контролори на летање на  Македонија – ЗКЛМ од денеска до 17 октомври во Скопје  организира Европски регионален состанок IFATCA ERM SKOPJE 2024.

- Овој собир ветува непроценлива можност за здруженијата членки да споделат сознанија, најдобри практики и експертиза во динамичната област на контрола на воздушниот сообраќај. Целта е поттикнување врски и размена меѓу индустриските експерти и професионалци од целиот свет, соопшти ЗКЛМ.

За јавноста собирот ќе биде отворен задутре, 17 октомври, за кога се најавени и обраќања на министерот и заменикот за транспорт, Александар Николоски и Калтрина Зеколи Шаќири, шефот за соработка со РСМ од Европската Унија, Штефен Худолин, и извршниот директор на Навигациските услуги  од М-НАВ а.д Скопје, Хекуран Асани.

ЗКЛМ е 30 години член на Меѓународната федерација IFATCA  и првпат е домаќин на оваа престижна професионална конференција. хс/цр

Фото:  ЗКЛМ 

Остани поврзан