• недела, 18 август 2024

Зиркзе им ја донесе победата на Манчестер јунајтед на отворањето на новата сезона на Премиер лигата

Зиркзе им ја донесе победата на Манчестер јунајтед на отворањето на новата сезона на Премиер лигата

Манчестер, 16 август 2024 (МИА) - Фудбалерите на Манчестер Јунајтед успеаја да го совладаат Фулам во првото коло од Премиер лигата на својот стадион со резултат 1:0 (0:0) и со тоа ја забележаа првата победа на стартот од новата сезона.

Сепак, на „Олд Трафорд“ ќе има голема причина за грижа, со оглед на тоа што „црвените ѓаволи“ не прикажаа подобра игра од она што сме навикнати од нив во претходните разочарувачки сезони.

Она што предизвика насмевка на лицата на навивачите е тоа што дебитантот од Премиер лигата, Џошуа Зиркзе се запиша во листата на стрелците на неговото официјално деби за клубот во 87. минута од натпреварот.

Фулам се бранеше во поголемиот дел од натпреварот, но тоа не го менува фактот дека Манчестер не успеа да ги искористи своите шанси. дс

Фото: Фејсбук/Манчестер јунајтед

Остани поврзан