• сабота, 23 ноември 2024

Зечевиќ: Ние не калкулираме со иднината на Македонија

Зечевиќ: Ние не калкулираме со иднината на Македонија

Скопје, 1 јули 2023

Најтешките и државотворни одлуки во целиот овој период ги носи СДСМ и тоа на сите им е јасно, порача генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ во интервју за неделникот „Фокус“.

„Тоа е така затоа што ние не калкулираме со иднината на Македонија и убеден сум дека таквиот пристап граѓаните го ценат и соодветно ќе го вреднуваат кога ќе дојде време за тоа“ истакна Зечевиќ. 

Генералниот секретар посочи македонската иднина не е прашање на поединци и повика секој субјект да го стави државниот интерес да го стави на прво место. 

„Македонската иднина не е прашање на поединци. Колективната свест и совест раѓа колективен напредок. Како што доликува на одговорни партии и одговорни политичари, очекувам да се постави државниот интерес на прво место, бидејќи ова се сериозни процеси од кои зависи иднината на земјата. Членството во ЕУ е стратешка цел детерминирана уште од прогласувањето независност на државата. Не е тоа случајно. Како ќе го третираме ова стратешко прашање, така ја третираме иднината на земјата.Јас уште лани во моите обраќања пред јавноста повикував на национално обединување, на сите политички свесни фактори, за сите важни прашања за иднината на нашата татковина. А, полноправното членство во ЕУ е круцијално.“ заклучи Зечевиќ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото СДСМ

 

 

 

Остани поврзан