• среда, 25 декември 2024

Зендели: Поконкретен датум за гласање за член на ДИК 28 февруари

Зендели: Поконкретен датум за гласање за член на ДИК  28 февруари

Скопје, 19 февруари 2024 (МИА) – Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса и дел од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени  изјави дека на денешната редовна понеделничка координација на претседателот на Собранието Јован Митрески со координаторите на пратеничките групи е договорено поконкретен датум за гласање за член на Државната изборна комисија да биде 28 февруари.

-Од едноставна причина што во текот на оваа недела многу пратеници се на службени патувања надвор од државата и ќе биде проблематижно да имаме соодветен број кој е потребен за да се изгласа членот на ДИК. Но, сепак останува отворена можноста, ако има доволен број на пратеници и во текот на оваа недела да се направи. Ќе се направат консултации и по однос на оваа прашање. Но, ако не успееме во текот на оваа недела, сигурен датум останува 28 февруари. Позитивен чекор беше тоа што помина нашиот член во ДИК во собраниската Комисија за прашања на именувањата и изборите. Тоа е позитивен акт, рече Зендели.

Тој рече дека  за изгласување на нивниот кандидат Абдуш Демири за нов член на ДИК не очекува потешкотии или проблеми. 

-Сега очекуваме да нема никаков проблем. И од тоа што е договорено на денешната координација кај претседателот, не очекуваме да имаме проблеми или потешкотии при изгласањето на нашиот член на ДИК, рече тој.

Зендели информира дека завршил нивниот бојкот на работатата на Собранието, кој го започнаа поради тоа што тие побараа нивниот кандидат да биде ставен на дневен ред на седница.

-Ние уште од кога се повикавме на бојкот, рековме дека нашиот бојкот ќе биде до моментот кога нашиот кандидат ќе биде на дневен ред. Значи, нашиот кандидат беше на дневен редна Комисијата за именувања и изборите уште претходната недела. И со тоа заврши нашиот бојкот, затоа што бојкотот се однесување во врска со оваа прашање. И денеска учествуваме денеска на координација кај претседателот и ќе учествуваме во работата на работните тела нормално како и секогаш, рече Зендели.

Потврдени се 303 листи за градоначалници и 567 за советници, информираа за МИА од Државната изборна комисија (ДИК).

Абдуш Демири, кој е предлог на партиите од Европскиот блок за промени за член на ДИК. Демири минатата недела на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата беше поддржан за член на Комисијата со 10 гласа „за“, еден „воздржан“ и еден „против“. Вториот кандидат, кој се повлече, беше Зуљфи Адили откако Владата на предлог на Зијадин Села од Алијанса за Албанците го именува за директор на Агенцијата за странски инвестиции.  За изборот на членови на ДИК е потребно двотретинско мнозинство. ДИК е без еден член повеќе месеци откако Кренар Лога стана министер за правда. 

По распишувањето на претседателските и парламентарните избори на 14 февруари,  ДИК ги започна изборните дејствија со усвојување на роковниците. Претседателските избори се закажани на 24 април, а вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Од 14 февруари започна да тече рокот за пријавување на нашите државјани за гласање преку апликацијата https://dijaspora.sec.mk/, како и во нашите Дипломатско-конзуларни претставништва и конзулати во странство. Пријавувањето се врши со пополнување на две барања и за претседателските и за парламентарните избори. За да се одржи гласање во дијаспората потребно е да се соберат вкупно 5.300 барања. 

На 23 февруари започнува и собирањето потписи за претседателски кандидати и за подносители на листи на изборите, а на 28 февруари увидот во Избирачкиот список. фф/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан